fbpx

Кирацовски од Прилеп и Охрид: Имаме шанса да обезбедиме влез во НАТО и ЕУ со обезбеден идентитет, да кажеме ДА за македонската иднина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, придружуван од организациониот секретар на партијата, Миле Зечевиќ вчера беше во посета на Охрид и Прилеп каде што се сретна со граѓани, членови, активисти и поддржувачи од овие градови.
Пред присутните, Кирацовски зборуваше за досега оставрените мерки и проектите во реализација што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните и поквалитетен живот за сите.

– Како Влада и парламентарно мнозинство работиме на обезбедување на повеќе пари и достојни услови за живот на сите граѓани, а особено на земјоделците. Оваа година тутунот достигна рекордна просечна цена од 217.5 денари. Над 20.000 тутунари добија повисоки субвенции и тоа 80 денари за прва, 70 денари за втора и 60 денари по килограм за трета класа тутун. Тоа значи повеќе пари во семејните буџети за достоинствен живот. Со изградбата на експресниот пат Прилеп – Градско ќе се создадат услови за побрз и побезбеден транспорт во овој дел од државата, а тоа позитивно ќе влијае и врз локалниот економски развој, порача Кирацовски.
Генералниот секретар Кирацовски се осврна и на Договорот којшто става крај на долгогодишниот спор со Грција, како и перспективите што се отвораат по неговата ратификација во Собранието.

– Имаме навистина историски Договор, којшто е поздравен од целиот демократски свет. Со тој договор се зајакнува и гарантира нашиот идентитет. Македонски јазик, Македонец, македонско оро се загарантирани и никој нема да може да ги оспорува. Како генерација имаме единствена шанса да обезбедиме членство во НАТО и почеток на преговори, а потоа и полноправно членство во ЕУ. Да не ја испуштиме, туку на референдум да кажеме ДА за влез во ЕУ и НАТО, да кажеме ДА за гарантиран македонски идентитет, ДА за нашата, македонска иднина, повика Кирацовски.

 

Последни вести