fbpx

Лицемерното ВМРО-ДПМНЕ бега од дебата секогаш кога се расправа за прашања од врвен интерес за граѓаните и државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето лицемерно однесување кон граѓаните. Опозициската партија повторно избегнува дебата кога станува збор за прашања што се од значаен интерес за државата, граѓаните и нивната иднина.

Договорот е патриотски чин и тоа го знаат и во ВМРО-ДПМНЕ, избегаа од дебата и во Собранието затоа што немаат аргументи.

Залудни се лажните наводи на ВМРО-ДПМНЕ, процесот за ратификација на Договорот со кој се става крај на двеиполдеценискиот спор со Грција е во согласност со процедурите. Не постои поевропски документ од овој
Договор и затоа е прифатена одлуката тој да биде со европско знаменце и расправата по него да се води во Комисијата за европски прашања.

ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже елементарна одговорност, да излезе од деструктивната матрица, да учествува во процесот што става крај на долгогодишниот спор и да им овозможи на граѓаните да одлучат за македонската иднина.

 

Скопје, 20.06.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести