fbpx

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ЛЕТНИОТ КАМП НА СДММ 2018 ГОДИНА

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), во соработка со Прогрес Институт за социјална демократија, и со поддршка од Фондацијата Макс Ван Дер Штул од Холандија, и оваа година традиционално, по единаесетти пат ќе организира летен камп за млади социјалдемократи, кој ќе се одржи во периодот од 5 до 8 јули 2018 година, во Охрид.

Оваа година на кампот ќе учествуваат 80 млади луѓе од цела држава. Планирани се едукативни презентации, интерактивни работилници и работа во групи.
Традиционално, гостин на летниот камп ќе биде Премиерот на Република Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Заради големиот интерес, СДММ при изборот на кандидати ќе внимава на родовата застапеност и застапеноста на учесници од различни региони од Македонија.

Сите заинтересирани за пријавување на летниот семинар потребно е:

– да бидат членови на СДСМ односно СДММ, на возраст од 18 до 26 години;

– да биле дел од клучните проекти на СДСМ и СДММ во изминатиот период;

– ДА НЕ УЧЕСТВУВАЛЕ НА ПРЕТХОДНИ ЛЕТНИ КАМПОВИ организирани од СДММ и Прогрес Институт за социјална демократија;

– да испратат CV и партиска биографија.

Овие податоци заинтересираните потребно е да ги испратат на следниот
е-mail: letenkamp2018@gmail.com, најдоцна до 25-ти јуни (понеделник), 2018 година.

 

 

 

Последни вести