fbpx

Сугаревски во Кратово: Со инвестициите во инфраструктурата се олеснува животот на граѓаните и се раздвижува економијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на надзорниот одбор на СДСМ Горан Сугаревски, во попладневните часови на вчерашниот ден, беше во посета на Кратово, на средби со граѓани и поддржувачи на партијата.
Сугаревски зборуваше за досегашните реализирани проекти и мерките кои се планирани за следниот период.

-Владата на Република Македонија предводена од СДСМ е исклучително посветена на инвестирање во инфраструктурата. Се санираа штетите од измислените, погрешни и нереални проекти наследени од минатата власт. Се доведоа до реалност и изводливост. Се грижиме за нашите граѓаните и градиме по план, одговорно и домаќински. Нема веќе провизии и криминални проекти. Започнавме со инвестиции за изградба на нови 800 километри брзи и безбедни патишта на над 60 патни правци во вредност од 270 милиони евра. Тука е и реализацијата на над 30 проекти во делот на комуналната инфраструктура, водоводи, канализации.
Сето тоа влијае на подобрување на условите за живот на граѓаните. Дополнително, создава добра клима за раст и во делот на нискоградбата, а со тоа и враќање на градежништвото со посакуваниот раст, што пак ќе доведе до севкупен економски раст, рече Сугарески

Квалитетно изградената патна инфраструктура, додаде Сугарески, значи слободен проток на стоки, услуги и транспорт на патници, а воедно е и важен предуслов за зголемена трговска размена на државата со странство и истовремено е основа за привлекување нови странски и домашни инвестиции.

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките коишто обезбедуваат унапредување на инфраструктурата, повеќе инвестиции, повеќе пари и севкупен економски раст и развој.

 

 

 

 

 

Последни вести