fbpx

Мирчевски во Свети Николе: Мерките во земјоделството и зголемените плати обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседавачот на Централниот одбор на СДСМ Пеце Мирчевски вчера беше во посета на Свети Николе, на средби со граѓаните и поддржувачи на партијата.
На средбите се разговараше за досегашните реализирани мерки на Владата предводена од СДСМ, беа слушнати потребите кои ги имаат граѓаните на оваа општина, а се разменија и мислења за нивно поефикасно решавање.

-Свети Николе има одлични перспективи да оди напред, има плодно земјиште и добра географска поставеност. Мерките кои се превземаа и реализираа во земјоделството,зголемената поддршка за младите земјоделци, повратот на персоналниот данок, зелената нафта, навремената и неселективна исплата на субвенциите, носат повеќе пари кај граѓаните, кај земјоделците. Со реализација на мерките обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните но и повисок животен стандард и поквалитетен живот на граѓаните што впрочем е нашата примарна цел, рече Мирчевски.

Зборувајќи за растот на платите, Мирчески ја спомена новата мерка на Владата предводена од СДСМ со којашто ќе се помага растот на платите до 18.000 денари во трудоинтензивните дејности, со што се отвора можност дополнителни 50.000 работници да добиваат повисока плата. Со тоа, посочи Мирчевски, дополнително ќе се поттикне спиралата на раст на платите.
СДСМ останува на патот на промените кои што ги вети и кои што обезбедуваат повисок животен стандард на граѓаните, развој и просперитет на државата.

 

 

 

 

Последни вести