fbpx

Економијата се поставува на здрави и реални основи, последиците од 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ се санираат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Економско пропаѓање на Македонија ѝ се случуваше за време на 11 годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога државата се презадолжуваше, а граѓаните се осиромашуваа само за да се задоволат криминалните апетити на Никола Груевски и фамилијата.

ВМРО ДПМНЕ може да се погледне во огледало за да го види виновникот и штетните последици од нивното владеење.

Денес, економијата се опоравува и се поставува на здрави и реални основи. Заврши времето на „Миле ми текна“ провизии и проценти за криминални, измислени и нереални проекти.

Очигледно токму затоа на ВМРО-ДПМНЕ многу им пречи успешната работа на вицепремиерот Анѓушев.
Податоците го потврдуваат тоа. Во првиот квартал од оваа година забележан е раст во сите сектори, освен во нискоградбата. Причината за таквата состојба во нискоградбата е запирањето на активностите на промашените, криминални проекти на власта на ВМРО-ДПМНЕ, како автопатот Кичево-Охрид, криминалниот проект Скопје 2014, но и некои други патишта, каде што имаше огромни пропусти.

По моменталниот застој, изградбата на спорните автопати ќе продолжи во рамките на реалното и правилното и тоа ќе рефлектира со раст и во делот нискоградбата со што ќе се интензивира и растот на БДП, којшто на крајот ќе биде во рамките на она што е претходно проектирано.

 

Скопје, 08.06.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести