fbpx

Ковачевски за 360: Од заробена држава, денес преговараме со ЕУ на македонски јазик, како Македонци со македонски идентитет

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Ако не беше СДСМ, Македонија немаше да биде демократска држава, бидејќи демократијата во Македонија ја врати СДСМ во 2016 година, од заробена држава денес имаме преговарачка рамка со чист македонски јазик, преговараме со ЕУ на македонски јазик“, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во вечерашното интервју во емисијата „360 степени“, на МРТ 1.

„Ние бевме држава со заробени медиуми. Заробена држава по сите извештаи и држава без препорака за членство во ЕУ. Подоцна станавме благодарение на СДСМ и одлуките кои што ги донесовме и тешкиот Преспански договор, земја членка на НАТО. Потоа станавме земја која ги отвори преговорите со ЕУ, повторно заради СДСМ и одлуките кои што ги донесовме и тоа после 17 години чекање“, рече Ковачевски.

Во интервјуто, Ковачевски посочи дека и покрај тоа што многумина не веруваа дека македонскиот јазик ќе биде заштитетн, денес имаме преговарачка рамка со ЕУ на чист македонски јазик.

„Бевме изложени на хистерија ширена од многу центри пред се од опозицијата дека ќе сме го изгубеле јазикот, идентитетот културата, што се покажа како апсолутно неточно. Денес имаме преговарачка рамка со чист македонски јазик, преговараме со ЕУ на македонски јазик, како македонци со македонски идентитет.На крајот на денот сите работи ќе станат јасни, многу македонци не веруваа дека ќе влеземе како македонци во ОН, благодарение на Киро Глигоров ние сме македонци со македонски јазик во ОН. Многу македонци не веруваа заради таа иста хистерија дека во НАТО ќе влеземе како македонци со македонски јазик, во НАТО влеговме како македонци со македонски јазик“, потенцираше Ковачевски.

При тоа, Ковачевски истакна дека благодарение на правилните политики на СДСМ, денеск договорот ФРОНТЕКСТ потпишан на македонски јазик а македонскиот јазик е дел од јазиците во ЕУ.

„На преговарачките кабини во Брисел стои македонски јазик и во Брисел се вработуваат преведувачи на македонски јазик. Договорот ФРОНТЕКС кој не се потпишуваше повеќе од деценија помеѓу Македонија и ЕУ, пречка беше јазичната клаузула. Дали ние го потпишавме договорот ФРОНТЕКС со ЕУ во 2022 година, го потпишавме, на кој јазик го потпишавме, на македонски јазик. Одобрен договор од сите 27 земји членки на ЕУ вклучително Бугарија и Грција, никој во тоа не веруваше. Тие што сакаат да шират популизам, тие што сакаат да држат тема која што практично е тема за да соберат гласови тие тоа ќе го повторуваат, меѓутоа на крајот на денот вистината е дека македонскиот јазик е дел од јазиците во ЕУ“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во интервјуото за емисијата „360 степени“.

Последни вести