fbpx

Ковачевски за 360: Кога гласате против своите не можете да бидете победник

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, вечерва во интервјуто во емисијата „360 степени“, на МРТ 1, порача дека многу е лесно да се гласа против своите, но во тој случај не може да се биде победник.

„Максим Димитриевски согласно нашето демократско општество формираше свое движење, членови на таа партија се наши поранешни членови, има и роднини кои што сега едниот е во СДСМ, другиот е во ЗНАМ. Всушност тоа се гласови кои што практично беа незадоволни од политиките на СДСМ пред се внатрешно, веројатно поради однесувањето на дел од некои наши другари. Ги земам предвид и тие кои го искажаа својот револт и гласаа за партијата ЗНАМ. Практично тие гласаа против своите. Многу е лесно да гласаш против своите, тешко е да гласаш против политичкиот противник, бидејќи кога гласате против своите вие на крај на денот не можете да бидете победник“, потенцираше Ковачевски.

При тоа, Ковачевски додаде дека секој глас што го намалува потенцијалот на СДСМ, ја зголемува разликата со ВМРО ДПМНЕ.

„Секој глас кој што го намалува потенцијалот на СДСМ, ја зголемува разликата со ВМРО-ДПМНЕ и вие кога ќе ги погледнете гласовите на ВМРО-ДПМНЕ тие се 360 илјади, а ако ги видите гласовите на СДСМ и оној левиот спектар на гласови тогаш тоа се далеку над 250 илјади гласови. Затоа велам дека секое раситнување било на левица, било на десница, практично работи за другата страна.Ние сме имале таков случај во 2006 година кога беше формирана партијата НСДП. Партијата НСДП брои околу 67-68 илјади гласови и тоа го намали потенцијалот на СДСМ со 300 и нешто илјади гласови. ВМРО-ДПМНЕ во тоа време формираше Влада и владееше 11 години со коалиционен партнер на СДСМ“, потенцираше претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Последни вести