fbpx

ВМРО-ДПМНЕ не престанува со лажните вести, со денешната аукција нема ново нето задолжување

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Лицемерно и несериозно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за задолжувања кога токму таа партија за 11 години владеење тројно го зголеми јавниот долг само за да се задоволат криминалните апетити на Никола Груевски и фамилијата.

Лажна е информацијата на ВМРО-ДПМНЕ дека Македонија денес се задолжила. Според официјалните информации од Министерството за финансии, на денешната аукција запишани се 22,24 милиони евра, а веќе утре ќе бидат вратени 22,46 милиони евра по основ на стари долгови направени токму од ВМРО-ДПМНЕ.

Со домаќинските и одговорни политики, Владата предводена од СДСМ отвора можности за сериозен пад на јавниот долг за неколку години, откако ќе бидат исплатени старите задолжувања оставени од ВМРО-ДПМНЕ, кои со каматите изнесуваат над 2 милијарди евра.

Наместо да им се извинат на граѓаните за огромните долгови што ги оставија зад себе, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, продолжуваат со политиките на Груевски засновани на лаги, измислици и лажни вести.

 

Скопје, 05.06.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

 

Последни вести