Соопштение за јавност
,,Ние повикуваме на обединување на сите прогресивни сили кои што се за програмата предложена од нас која што програма ги има апсертирано и ги има наведено сите грешки кои што биле направени во изминатите 7 години.” изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во денешното интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ.
Ковачевски посочи дека СДСМ има многу јасен план за тоа каде треба да се движи државата на сите полиња, од економски, владеење на правото, борба против корупција, грижа за млади, грижа за сите, зголемување на пензии, зголемување на минималната плата, на просечната плата.
,,Ние докажавме дека можеме да работиме да има зголемување на минималната, на просечната плата. Кои се зголемени минималната за три пати, просечната скоро двојно, пензиите се зголемени за просечно 55 проценти и затоа и предвидуваме уште поголемо зголемување и на минималната плата и на просечната плата.“ истакна Ковачевски во интервјуто за емисијата „360 степени“