Соопштение за јавност
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во вечерашното интервју во „Тема на денот“ на телевизија Сител, истакна дека СДСМ во време на најтешките кризи не остави никого сам, се донесоа голем број на антикризни мерки во вкупна вредност од 2,6 милијарди евра, а паралелно се зголемуваа пензиите и платите, кои во моментов се на највисоко ниво досега.
„СДСМ и Владата предводена од СДСМ ги покачи пензиите и платите. Ние успеавме да го задржиме и единствени во Источна Европа да го зголемиме животниот стандард. Две третини од мандатот го поминавме во криза. Донесовме голем број антикризни мерки во вредност од 2,6 милијарди евра“, рече Ковачевски.
При тоа, Ковачевски посочи дека благодарение на правилните политики на на владите на СДСМ, се исполнија стратешките цели.
„Успеавме да ја вратиме демократијата која е врвно достгинување во една земја членка на НАТО. Успеавме да станеме земја членка на НАТО во овие 7 години, отворивме преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик, македонски идентитет и македонска култура и тоа се одлуки кои беа тешки, кои исто така влијаеа врз рејтингот. Ние сите повторувавме дека без разлика на личниот рејтинг или партискиот овие одлуки треба да се носат“, рече Ковачевски.
Во интервјуто, Ковачевски порача дека е скојдневно на терен и во комуникација со сите граѓани, со секое маало, куќа, со секој граѓанин, со цел да ја објасни програмата на СДСМ и Коалицијата за европска иднина и потребата од продолжување на европскиот пат на државата.