Соопштение за јавност
Мицкоски да не се крие зад подмладокот на неговата партија туку јавно пред граѓаните да даде одговор што го советувал неговиот претходник Никола Груевски.
Дали Мицкоски го советувал за одлуката на владата на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на дневната евтина тарифа на струјата, што резултираше со повисоки сметки за граѓаните?
Дали го советувал Груевски да се намали производството на електрична енергија за да се увезува струја по повисоки цени, заради лично богатење на поединци блиски до ВМРО-ДПМНЕ?
Дали Мицкоски советувал да не се спроведуваат енергетските реформи заради заштита на одредни бизнис интереси?
ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидува да го оправда Мицкоски. Неспоредливо е тоа што Груевски имал 91 советник, и тоа само во периодот 2010-2016, кои ја чинеле државата односно граѓаните 1,73 милиони евра годишно. Ангажманите на советниците и соработниците на премиерот Зоран Заев се јавно обелоденети и за нив се издвојуваат тројно помалку средства од Буџетот.
Расипничкото, недомаќинско и нетранспаретно владеење се одлика на ВМРО-ДПМНЕ и тие се минато. Владата предводена од СДСМ, водејќи се од принципите на отчетност и транспарентност сите советници на премиерот Заев јавно ги објави на официјалната веб страница на Владата на Република Македонија. Тоа е вредносна разлика што за ВМРО-ДПМНЕ е несфатлива.
Скопје, 16.05.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА