fbpx

Со низа реформи и мерки СДСМ ги поправа катстрофалните грешки на ВМРО-ДПМНЕ, ја стабилизира економијата и обезбедува раст на платите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО- ДПМНЕ имаше повеќе од една деценија да ја стабилизира македонската економија, но за жал за време на криминалното пустошење на државата и граѓаните од страна ВМРО-ДПМНЕ, економијата доживеа колапс а јавниот долг се зголеми тројно.

За само 10 месеци новата Влада предводена од СДСМ успеа да креира стратегии и политики преку кои се стабилизира економијата. 2017 година e прва година во која јавниот долг бележи пад по подолг период. Исто така успева да обезбеди и најниски каматни стапки во историјата на Македонија преку водење рационална и транспарентна политика која е препознаена од сите. Оваа фактичка состојба сведочи за добро спроведените реформи на Владата предводена од СДСМ. Покрај тоа, просечната плата е зголемена за 4,6 отсто, со што уште еднаш се потврдува придвижувањето на економијата.

Додека ВМРО-ДПМНЕ ја уништуваше државата и ги осиромашуваше граѓаните, СДСМ успева во само 10 месеци да придонесе да се почувствуаат позитивни промени во сите сфери на општеството, особено на полето на економија. Официјалните статистички податоци покажуваат дека економијата е стабилизирана, обезбеден е раст и развој што резултира со покачување на платите и животниот стандард на граѓаните.

 

Скопје, 08.05.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести