Соопштение за јавност
Криминалните тендери, договорените милиониски провизии и пропустите од стотици милиони евра, се единствените резултати на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата. Секој таканаречен проект на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата бепе симбол на корупција, криминал и неспсобност и токму поради таквата неспособност за 10 години владеење ВМРО-ДПМНЕ успеа да изгради само 10 километри автопат.
Владата предводена од СДСМ заедно со Министерството за транспорт и врски за само десет месец успеа да го постигне она што ВМРО-ДПМНЕ не успеваше да го направи ниту за десет години.
Наместо на лажен барок, споменици и плами, Владата предводена од СДСМ сериозно инвестира во развој на патната и комуналната инфраструктурата, процес што е во интерес на сите граѓани. Веќе е започнат сериозен циклус на инвестиции за реконструкција и изградба на 60 патни правци, инвестиции вредни околу 270 милиони евра, а во реализација е и 31 проект во комуналната инфраструктура за изградба и реконструкција на водоводи, канализациски мрежи и пречистителни станици.
Наместо очајно да се обидува да манипулира, ВМРО ДПММЕ може да учи како домаќински се работи домаќински и како се прават патишта, водоводи, канализации.
Скопје, 06.05.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА