Одговори на новинарски прашања,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 07.05.2018
Медиуми: Господине Заев, во врска со Шаќири, Владата излезе со соопштение дека е вработен, дека е ангажиран, има реакции во јавноста конкретно околу изјавата што беше објавена во медиумите дека сте се договориле да го ослободи Танушевци. Точно ли е тоа?
Tој е еден од граѓаните кој се приклучи на опозицијата во тоа време и соработуваше со многу активисти на СДСМ. Немаше потреба некој некого да ослободи, ниту пак некое место во Македонија, заради тоа што таму немаше вооружени сили, или нешто да се случувало за да нешто се ослободува. Тој е граѓанин на Република Македонија, во делот на севкупната ресоцијализација или консолидација во нашето општество и во врска со концептот едно општество за сите јас не ги делам граѓаните во Македонија. Апсолутно верувам дека секој може да биде ангажиран, да биде соработник, некаде советник, некаде директно вработен во јавните институции, ако некаде може да даде придонес и да помогне. Господинот Шаќири и тоа како може да помогне, посебно во градењето на концептот едно општество за сите. Тој ќе работи за плата којашто верувам дека ќе му овозможи да го гледа неговото многучедно семејство. Тоа се наши граѓани на Република Македонија, а овде го има и значајниот социјален аспект. Секако, никогаш не сум гледал на работите преку очилата на поделбата или нешто коешто значи разноличност во Македонија, коишто треба да ги доведат институциите во незгодност во давањето на своите одговори. Јас жалам што се задоцнило неколку дена со одговорот и утрово, веднаш по доаѓањето на работа, реков веднаш да одговорите, не повикуваат, немаме одговор дадено по ова прашање, и денеска знам дека се одговори од страна на Владата. Јас сум човек којшто нема предрасуди. Повикувам никој од нас да нема предрасуди, човекот има многу деца. Јас верувам дека може да помогне доколку се појават одредени екстремистички или радикални групи на територијата кадешто живее, кадешто го познава теренот, кадешто работи. Знам дека тој поголем дел од времето го поминува во Танушевци, поминува и во главниот град Скопје. Знам дека тој познава и луѓе и структури коишто со неговото соработување со Владата може да биде од помош, а преку тоа чесно да заработи лебче за своето семејство. Немам предрасуди, од секој ваков аспект, кога најдовме можност каде можеме да соработуваме, воопшто не се двоумев дали да ангажирам еден ваков соработник. Заради тоа што таков човек со такво минато како господинот Шакири отиде директно во полициска во Танушевци тоа може да предизвика и непријатни случувања. Знаеме дека во тоа време македонската полиција се бореше против луѓе коишто беа поставени против полицијата и тој важи за еден од командантите. Така што, не можете да го доловите тоа што може да биде од помош во државата од таква личност. Верувам дека може да биде директно од помош на премиерот заради тоа што и себеси се сметам за еден од првите носители на концептот едно општество за сите, а и еден од одговорните коишто треба да водат грижа за државата за спречување на било каков екстремизам или радикализам. Тоа е суштината на овој ангажман.
Медиуми: Каде ги остварувавте средбите со екс командантот Хоџа каде се договаравте дали ќе биде тој привремено вработен?
Во Владата се разбира, како и со секој соработник или со било кој ангажиран во мојот кабинет, кај мене во Владата. И пиевме кафе, се договоривме, разговаравме. Секако имам мои луѓе соработници коишто работат и тие имаа претходно средби со него, и за мене тоа е многу логично и многу нормално, тој е граѓанин на Република Македонија и во својата Влада на Република Македонија може да дојде и да разговараме на ваква тема.
Медиуми: Планирате ли средба со Ципрас во Софија и дали имавте средба со Иванов и што се дискутираше на оваа средба?
Со Премиерот на Република Грција Алексис Ципрас верувам дека ќе оствариме средба за време на Самитот за Западен Балкан на ЕУ во Софија, веројатно тоа ќе биде на маргините. Но, логично е да оствариме средба, посебно ако навистина и при следната средба продолжиме со макар мали, но чекори кон напредок на решение на овој проблем. Следната средба е замислена следниот викенд помеѓу двајцата министри за надворешни работи, така сум информиран, не знам дали до крај ќе биде тоа потврдено, таму ќе биде и медијаторот Нимиц токму во Атина, и верувам дека може да се направи уште еден исчекор за да можеме и ние ако не да решиме, барем да прокоментираме на средбата којашто би ја оствариле во Софија. Со претседателот Иванов се видов на мое барање, јас се трудам секогаш да изнајдеме решение, се работи за избор на Гувернер. Сегашниот Гувернер, сериозно го почитувам и јас, и огромен дел од Парламентарното мнозинство, но тие имаат и замерки, коишто ги истакнаа пред мене и ги пренесов кај Претседателот Иванов, и не зборувам за деталите, заради тоа што пред се сакам секој човек којшто и служел на Македонија, досегашниот гувернер, господинот Богов, 7 години беше гувернер, 4 години вицегувернер, тоа е служење на државата и верувам дека има многу квалитети и понатаму тој капацитет да се искористи да и се служи на Македонија. Се обидов денеска со Претседателот да разговараме за решение кадешто тој согласно Устав и закон, односно со Законот за Народна Банка е овластен да биде овластениот предлагач на гувернер, а именувањето го прави парламентарното мнозинство, односно Парламентот со обезбедено мнозинство кое што би гласало. Во тој дел разменивме идеи, одредени потреби, одредено констатирање, но заедно заклучивме дека треба во соодветниот рок Македонија да избере гувернер. Не е добро за имиџот на државата, иако постои решение преку Советот на Народната Банка, сепак Македонија треба да има Гувернер, една од работите којшто секој пат биле добри во Македонија со години, па дури и повеќе од деценија биле стабилноста на монетарната политика, фиксниот курс на денарот она што значи стабилност на сите други економски политики, вклучително и фискалната политика, инвестициската политика итн, а се надевам дека ќе продолжат ваквите состаноци преку нашите советници или јас и претседателот на државата, директно, за да изнајдеме решение за до 20-ти избереме Гувернер на Народната Банка на Република Македонија.
Медиуми: Дали доколку го добиете судското рочиште, ќе барате од заштитениот сведок, извинување, некаква оштета или било што?
Не сум човек којшто зборува за шпекулации и слично, но тоа што го слушам од Струмица, мала е Македонија, Струмица уште помала, човекот веројатно ќе ги направеше досега чекорите, но се плаши да не го осудат, да не одговара за оваа работа, и за мене тоа е разбирливо, на крајот јас сум и на него премиер, и не можам да правам чекори или постапки коишто било кој граѓанин би го довеле до ваква постапка, како граѓанин имам целосно право да барам се, но јас не сум само граѓанин, јас сум премиер на Република Македонија и апсолутно верувам дека ќе ја докажам мојата правда и толку. Тој заврши во постапките, повеќе нема никакво влијание, во распитот како сведок заврши и нема да има никакво влијание, но го кажувам тоа само што го чувствувам, и тоа како заслужува да го тужам, да барам оштета, да барам извинување, да барам се, за оваа работа, заради тоа што, не само лично против мене, затоа што веројатно и можеше да успее ако не бев доволно внимателен, и да го спречи проектот Вистината за Македонија, политичките бомби, и можеби сосема поинаку ќе беше во државата, некому тоа му се бендисува или не, но фактите се тие, но во секој случај јас сум овде исправен, по пат онака како што законот тоа го пропишува, со силата на аргументите и доказите да ја докажам мојата невиност, заради тоа што ако не ја докажам мојата невиност, веројатно и не смеам да извршувам ваква сериозна функција во државата.
Медиуми: Може ли само уште за Комисијата за хартии од вредност кога на висока функција е сестра на Специјалната Јавна Обвинителка ?
Кандидатите коишто беа предложени за супервизија на осигурувањето или не знам за Комисија за хартии од вредност ги избираме согласно условите коишто ги исполнуваат и согласно тоа се трудиме да имаме и територијална застапеност, се трудиме да имаме и застапеност покрај законските неопходни услови, аспект на жени и на мажи, родовата еднаквост или слично, и така и ги носиме одлуките. Ние сме само предлагач, конечната одлука ја носи Парламентот на Република Македонија, но јас мислам дека секој граѓанин во нашата земја има право да конкурира да биде кандидиран, да бира и да биде избран.
Значи јас зборев за моето семејство после дознав дека е сестра на јавната обвинителка, но тоа е посебно семејство како што знам. Јас зборам јавно за моето семејство, зарем не смеат семејствата на одредени истакнати личности, да конкурираат или да биде избран или да биде кандидат за нешто, така гледам јас. Начинот на одлучувањето е да нема судир на интереси, дали е тоа законски или не, верувајте дека мораме да се растеретиме од одредени предрасуди според мене, а тоа е возможно по пат на транспарентност, а транспарентноста во Македонија ја има, нема тајна се се знае во државата и верувам дека никој не се обидува или да се скрие, еве сестра на Специјалниот Јавен Обвинител конкурирала, поднела документи, аплицирала за одредени места, како на тој граѓанин да му кажете, извинете вие немате право да бидете на одредена позиција или место во државата, а ги исполнувате условите, тоа не е нешто со Јавното обвинителство ниту пак поврзано со судството, ниту пак има некоја поврзаност во одлучувањата и од тој аспект ја верувам дека носиме исправни одлуки, таму каде што одлучуваме, но еве јавноста е тука, слободно коментирајте ги, јас ве оправдувам на крајот ако има не етички дел нека се истакне тој не етички дел, секако ако има незаконски да се спречи тој незаконски дел, но искрено верувам дека секој граѓанин треба да има еднакви права по уставните закони.
Медиуми: Ги имате ли биографиите на другите кандидати, па да видиме каков бил соодносот на останатите кандидати?
Веројатно дека може, ве молам само да се обратите до службите којшто асистираат на Владата на владините седници, заради тоа што од тука доаѓа како предлог до Собранието или ако е до Собранието конкурирано, не знам точно како е постапката не ги знам како премиер сите детали кај се конкурира и каде стојат документите, апелирајте директно побарајте информации се надевам дека ќе ви дадат, кога се конкурира негде за јавни позиции тука тогаш нема криење биографија на сите кандидати ќе ви бидат доставени, јас стојам на располагање да асистирам ако некоја институција не ви ги обезбеди документите којшто ќе би побарате.
Медиуми: Господин Заев до каде се подготовките за реконструкција на Владата и дали се точни информациите во јавноста за смена на некои министри?
Не се точни, тоа се само шпекулации. Значи не е точно ништо од тоа, јас вчера прочитав некој вакви натписи. Ние разговараме, размислуваат политичките партии сега со којшто сакаме да пристапиме во коалиција или оние којшто сакаат да пристапат со нас, не е веќе само топката кај Зоран Заев и досегашното владејачко мнозинство, размислуваат сите, јас се надевам дека одлуките ќе бидат брзо донесени за да ова подглавје го завршиме, заради тоа што треба да работиме на други важни прашања.
Медиуми: Имаше обвинувања за влијанија врз адвокатската комора преку вашите адвокати…
Една работа, јас еве искрено со Ване Андреев разговарав немој да бидеш Никола Додевски во адвокатската комора, Претседател не ти треба, адвокатската комора ќе има спротивставени интереси со Владата, и ние ќе треба да решаваме и Закон за нотари, и закон за извршители, веројатно и за адвокатски дејности и слично, тоа е член на Управен одбор и јас не знам колку членови брои, не сум информиран. Но јас замолив да не биде кандидат за претседател, заради тоа што дека адвокатската комора од редот на извршниот одбор го бира претседателот, кога веќе е избран за член на извршниот одбор, да бидам чесен до крај таа вечер се слушнав со него те молам ако ти е намерата да бидеш претседател, немој, заради тоа што тогаш нема да ми бидеш адвокат, тоа е негова одлука и тој одлучи да не биде кандидат.