fbpx

Назначувањето на член на Програмскиот совет на позиција во ВМРО-ДПМНЕ е недозволива партизација на МРТ, Мазнева да поднесе оставка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Назначувањето на Косана Мазнева на висока партиска функција во кабинтетот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а која истовремено е и член и на Програмскиот совет на Македонската радио телевизија, јасно го покажува односот на ВМРО-ДПМНЕ кон медиумите и го потврдува обидот за партиско влијание врз работата на јавниот сервис.

Мазнева, носителката на висока функција во кабинтетот на претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, мора веднаш да поднесе неотповиклива оставка од Програмскиот совет на МРТ.

Со овој случај уште еднаш се потврдува потребата од реформи во јавниот сервис што ќе овозможат професионализација на МРТ и дополнително ја потврдува потребата од законска регулација во овој дел. Новиот Закон за аудио и аудиовизуелни услуги ќе стави крај на партизацијата на јавниот сервис и ќе обезбеди просефионално, независно и непартиско раководно тело на МРТ кое ќе работи во интерес на граѓаните.

 

Скопје, 03.05.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA

 

 

Последни вести