fbpx

Кого лаже Мицковски себе или своите? ВМРО ДПММЕ може да зборува само за медиумскиот мрак што го создаде

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Не постои поголемо погазување на медиумските слободи од 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и затоа оваа партија е најмалку повикана да зборува за слободата на медиуми.

ВМРО ДПМНЕ може да зборува само за медиумскиот мрак што го создаде.

11 годишното режимско владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметено по апсењата, казните и физичките напади врз новинари, затворањето на медиуми, злоупотребата на полицијата за упади во телевизии, насилното исфрлање на медиумски работници од Собранието и директното мешање во уредувачките политики на медиумите и затоа денешната реакција не е ништо друго освен врв на лицемерие на опозициската партија.

Токму поради таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон новинарите и медиумите, Македонија со години беше закотвена на дното во Европа по медиумски слободи.

И покрај овие општопознати факти, Христијан Мицкоски наместо да се извини за сите штети што неговата партија го нанасе врз медиумите и новинарите, тој упорно ги брани и промовира политиките на неговиот претходник Никола Груевски. Таквиот лицемерен однос на Мицкоски не може да ги излаже ниту неговите сопартијци, а не пак граѓаните кои одлучно ги поразија политиките на насилство, омраза и закани на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Скопје, 03.05.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA

 

 

 

Последни вести