fbpx

Муцунски и ДПМНЕ на шверцерски начин го изгласаа срамниот ДУП за бетонизацијата на Лисиче

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Градоначалникот Тимчо Муцунски во Аеродром, по три години управување со Општината, ќе остане запаметен по нереализирање на ниту еден проект и само по усвојување на ДУП-от со кој отпочнува бетонизацијата на Лисиче.

Спорниот ДУП за градска четврт ЈИ 09.01 за населба Лисиче вчера беше „шверцерски“ доставен до Советот на Општина Аеродром, како дополнителна точка непосредно пред почетокот на седницата.

Мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во Совет и градоначалникот Тимчо Муцунски одлучија да ја одмолчат дискусијата и не дадоа ниту еден одговор на прашањата поставени од опозициските советници на СДСМ.

Со 16 гласа ЗА и 11 ПРОТИВ беше изгласан ДУП-от за Лисиче без ниту еден изустен збор од Муцунски и советниците на ДПМНЕ.

Со цел да го сокријат овој срам, видео материјалот од директниот пренос на седницата на Советот беше избришан од официјалниот YouTube канал на Општина Аеродром.
Со усвојувањето на овој ДУП Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ овозможија изградба на висококатница на 12 ката, на крстосницата помеѓу булеварите „Србија“ и „12-та Македонска бригада“.

Тимчо Муцунски ја изневери довербата на жителите на Аеродром. Мандатот го започна со иницијативи за бришење на градежни маркици, а го завршува со „бетонизација“.
За четири години Тимчо Муцунски не успеа да направи апсолутно ништо за изградбата на 4 нови градинки, изградбата на нова општинска зграда, нова гимназија, нов мултифункционален центар со простории за младински центар, нов спортски центар „Пирин“ во населба Лисиче, нова спортска сала во Долно Лисиче, нов кружен тек меѓу Мичурин и Стар Аеродром, музеј на МЗТ, кино сала и театарска сцена во Ново Лисиче, нов парк на 5.000 метри квадратни во Реонски Центар, стратегија за млади, завршување на сите предмети за легализација, зголемување на еднократната помош за новороденче од 8.000 на 20.000 денари и ред други неостварени ветувања од својата градоначалничка програма.

Како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Муцунски се споменува како потенцијален кандидат за министер во владата на ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ.

Се поставува прашањето што може да се очекува од Муцунски како министер кој со ваков срам го завршува својот градоначалнички мандат и со што заслужува да биде избран за министер?

Последни вести