Соопштение за јавност
Најголем циркус и најголем срам во Република Македонија е 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога парите од буџетот се трошеа на палми, лажен барок, споменици, луксузни вечери, додека граѓаните и државата тонеа во сиромаштија и долгови.
Криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави пустош во инфраструктурата, а секој нивен таканаречен проект во инфраструктурата беше симбол на неспособност, криминал и корупција.
Каков било „срам“ или „блам“ ВМРО-ДПМНЕ треба да побара во своите редови.
Токму поради неспсообноста на ВМРО-ДПМНЕ, од Буџетот на Република Македонија мораше да се одвојуваат дополнителни стотици милиони на граѓаните, а пуштањето во употреба на автопатот Демир Капија – Смоквица беше двапати одложувано, најпрвин во септември 2016 година, а потоа и во мај 2017 година.
Тоа што ВМРО-ДПМНЕ не успеа да го направи за цели пет години, Владата предводена од СДСМ го стори за неколку месеци. Завршени се сите потребни процедури, надминати се сите пропусти и автопатот е пуштен во употреба. Истовремено Владата предводена од СДСМ започна сериозен циклус на инвестиции за реконструкција и изградба на 60 патни правци, инвестиции вредни околу 270 милиони евра, а во реализација се и 31 проект во комуналната инфраструктура за изградба и реконструкција на водоводи, канализациски мрежи и пречистителни станици.
Тоа се реалните факти.
Она за што ВМРО ДПМНЕ очајно се обидува да манипулира е всушност дело на приватната компанија (Актор) којашто денеска и јавно потврди дека го организирала таквиот начин на прославување. Организаторот на настанот, Делегацијата на Европската унија во Македонија и Министерството за транспорт и врски немаат никаква поврзаност. За темата околу овој начин на прослава ВМРО-ДПМНЕ ги упатуваме да се обратат на вистинската адреса а тоа не е Владата, Европската унија или која било институција, туку е приватна компанија.
Скопје, 24.04.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА