fbpx

ВМРО-ДПМНЕ со години набавуваше скапа и неупотреблива опрема, централизираните набавки ќе овозможат заштеди

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Преку лошите и погубни полиитки кои имаа за цел единствено остварување на нечии криминални интереси, ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави уништен здравствен систем, потценет медицински персонал и погазени права на пациетните, а здравството во Македонија беше едно од најсмртоносните во Европа.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, којашто набавуваше лабораториска опрема која заради несоодветноста се уште не е во употреба и чија цена е далеку од вистинската пазарна вредност, Владата предводена од СДСМ и ресорното министерство со ваквиот начин на набавка имаат намера да овозможат штеди и истовремено да се подобри квалитетот на здравствените услуги.

Централизираната набавка ќе овозмжи рационализација, избегнување на двојните анализи и воведување електронски систем во лабораториите. Како резултат на ова, набавките ќе бидат по мерка, а ќе се искористат и ефектите од економии од обем. На тој начин и јавноста ќе биде информирана како се трошат парите на граѓаните. Сите заштеди ќе бидат инвестирани во платите на здравствените работници и во нови иновативни лекови.

Од друга страна, идивидуалното носење одлуки на дел од поранешните директори во јавните здравствени установи кулминираше со кривични пријави за начинот на набавка на медицинска опрема и затоа, лицемерно е ВМРО- ДПМНЕ да зборува за криминал. Меѓу другото, голема е веројатноста позади денешата прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ да стојат приватни лаборатории кои како блиски до тогашната власт функционирале врз принципот на монопол.

Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство работат одговорно, транспарентно и посветено во процесот на градење на квалитетен и ефикасен здравствен систем којшто овозможува квалитетни здравствени услуги за сите граѓани.

 

Скопје, 23.04.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA

 

 

Последни вести