Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за состојбата во Град Скопје, бидејќи наместените тендери за остварување криминални интереси, уништеното зеленило, лажниот барок и еден од најзагадените градови во Европа се единствените резултати од владеењето на таа партија со Град Скопје.
Ниту едно празно обвинување на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги сокрие овие поразителни факти ниту пак ќе ги засени придобивките од одговорното работење на градската администрација предводена од СДСМ и градоначалникот Шилегов.
Залудни се лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ. Времето кога локалната и централната власт работеa за партиски интереси и лично богатење, а потребите на граѓаните беа игнорирани, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Градската аминистрација предводена од СДСМ и градоначалникот Шилегов работат одговорно, домаќински и отчетно, а одлуките што се носат се единствено во интерес на граѓаните на Град Скопје.
Скопје, 23.04.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА