Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со одговорното, транспарентно и домаќинско работење на Владата предводена од СДСМ и државните и јавни институции и претпријатија и затоа секојдневно измислува лажни вести.
Лажни се тврдењата за наводни незаконски постапувања во АД ЕЛЕМ. Според јавно објавените информации од АД ЕЛЕЛМ, тендерот за избор на фирма за технолошко чистење во РЕК Битола за кој денеска ВМРО-ДПМНЕ неосновано обвинува е поништен на шести март откако е утврден пропуст во тендерската документација, а по добивањето на дополнителната документација од службата во рудниците во РЕК Битола, тендерот повторно ќе биде објавен во текот на следната недела. Паралелно со конкретниот тендер, односно до избор на фирма со електронско наддавање, во скратена постапка пет компании да доставиле понуди по што бил склучен договор со компанијата којашто понудила најниска цена, а сумата која се исплаќа на оваа компанијата за технолошкото чистење во рудниците во себе ги содржи сите останати издатоци како превоз, исхрана, лични заштитни средства итн.
ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека наместените тендери, незаконското работење и партизацијата на државните и јавните претпријатија заврши со нивното заминување во опозиција. Заврши периодот кога ВМРО-ДПМНЕ раководеше со АД ЕЛЕМ и РЕК Битола, време кога токму поради неспсобноста на ВМРО-ДПМНЕ не се чистеа багерите, одлагачите и транспортерите, кога целиот систем во рудникот беше затрпан со пепел и предизвикуваше штети и застој целокупната работа.
ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да измислува наводни скандали и да шири лажни вести, а нивниот претседател Христијан Мицкоски по шест денови криење, треба да излезе и да даде одговори на прашањата поврзани со договорите вредни 10.5 милиони евра, склучени во неспоредни спогодби, во период кога токму тој раководел со ЕЛЕМ.
Скопје, 20.04.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА