fbpx

Расипништвото и криминалот на ВМРО-ДПМНЕ беше единственото економско цунами, Мицкоски да се извини наместо да го следи Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Единственото економско цунами беше 11 годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога парите на граѓаните се трошеа на палми, споменици, лажен барок и криминални тендери, додека граѓаните и државата тонеа во сиромаштија и долгови.

Со таквото расипничко однесување, ВМРО-ДПМНЕ, партијата на Мицкоски, го зголеми јавниот долг за три пати во апсолутна вредност, а парите од скапите и нетраспарентни задолжувања ги трошеше за остварување криминални интереси.

Пустошот што Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го оставија после 11 години криминално владеење, владата на СДСМ за само 10 месеци го санираше и создаде услови за сериозни придвижувања на економијата.

Јавниот долг, како процент од БДП за првпат е намален токму во 2017 година!

Бруто домашниот производ, кој постојано бележеше пад по формирањето на новата влада забрзано расте!

Околу 90 илјади граѓани имаат повисока плата, покачена е минималната плата на 12 илјади денари а просечната плата надмина 24 илјади денари, односно бележи најголем раст од 2010 година!

Во јануари и февруари 2018 година, повратот на ДДВ за фирмите е дури за 1,3 милијарди денари, односно за 50% повисок во однос на истиот период во 2017 година.

Апсурдно е да се тврди дека Владата нешто крие од граѓаните, во услови кога е обезбедена најголема фискална транспарентност досега.

Наместо да шири лажни вести и да го следи Никола Груевски, Мицкоски треба да им се извини на граѓаните и да се дистанцира од неговите поразени политики.

Владата предводена од СДСМ ја носи Македонија кон економски раст наспроти политиките на економска пропаст, и ја води земјата напред!

 

Скопје, 12.04.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA

Последни вести