fbpx

ВМРО-ДПМНЕ повторно шири лажни вести, откупот на зелка се одвива непречено, се гради партнерски однос со земјоделците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Лажни и невистинити се тврдењата на ВМРО ДПМНЕ дека дел од откупувачите не откупуваат зелка и дека се врши притисок да не се откупува зелка од земјоделците кои протестираа. Времето на уцени, закани и поделби на земјоделците заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Според достапните информации, откупната цена на зелката се движи од 15 до 20 денари во зависност од кавлитетот, а инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство, го следат откупот за да нема никаква манипулација на земјоделците.

Наместо лажна згриженост, ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори зошто токму Ромео Тренов како директор на АД водостопанство, вршеше опструкции со невнесување на должници во системот за евиденција за платен воден надомест и со тоа дополнително ја блокираше исплатата на субвенциите во 2017 година.
Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство преку партнерски пристап со земјоделците, го решаваат долгогодишниот проблем со откупот и активно ги санираат штетите од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ што зад себе остави уништено земјоделство и понижени земјоделци.

 

Скопје, 12.04.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

Последни вести