fbpx

После 11 години криминал, корупција и режим, граѓаните очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да се дистанцира од Никола Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во интерес на граѓаните и државата, ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од неговите редови треба да се дистанцираат од Никола Груевски и неговите погубни политики коишто нанесоа огромни штети врз граѓаните и државата, порача Хари Локвенец, пратеник во Собранието на Република Македонија.

„Владата предводена од СДСМ активно работи на спроведување на зацртаните реформи што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, независни институции, инвестиции во здравството, културата и образованието. Тоа е констатирано и во новиот извештај на „Фридом Хаус“ кој нотира дека Владата предводена од СДСМ е силно посветена на напуштање на статусот заробена држава“ посочи Локвенец.

Пратеникот Локвенец истакна дека ова се сериозни времиња и постои потреба од сериозни луѓе, а со досегашното однесување, ВМРО-ДПМНЕ покажала дека не е сериозна политичка партија и ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ активно да се вклучат и да го поддржат реформскиот процес.

 

 

 

 

Последни вести