Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието, преку пратеникот Горан Манојловски призна дека пензиите растат и се усогласуваат со растот на трошоците за живот.
По денешното признание, паднаа во вода сите лажни обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ и опозициската партија повеќе нема никаков кредибилитет да зборува за исплатата на пензиите и да се обидува да манипулира со пензионерите.
Колку ВМРО-ДПМНЕ се грижеше за пензионерите, говори тоа што за Буџетот за 2017 воопшто не биле предвидени пари за покачување на пензиите, со што ВМРО-ДПМНЕ им го ускрати законското право за усогласување на пензиите. Тоа беше надминато од страна на Владата предводена од СДСМ и преку ребалансот на Буџетот, пензионерите го добија усолгасувањењето коешто им следуваше.
Владата предводена од СДСМ ги покачува пензиите во согласност со растот на трошоците на живот и растот на платите. Со пензијата за месец март, со исплата во април, пензионерите го добија законското прво покачување за 2018 година, а во наредниот период ќе следува уште едно.