fbpx

Расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ остави милионски долгови, Владата работи на поправање на штетите и стабилизација на економијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Расипничкото владеење, што ВМРО-ДПМНЕ сака но не може да го прикаже како успешна економска политика, ги обезвредни парите во Буџетот, за двапати го зголеми јавниот долг и остави скриени долгови од 363 милиони евра во јавните претпријатија, фондовите, општините и министерствата, истакна Фросина Ременски, потпретседателка на СДСМ и пратеничка во Собранието на Република Македонија.

„Поради расиништвото на ВМРО-ДПМНЕ, буџеската дупка во ПИОМ денес е за десет пати поголема од онаа во 2006 година и изнесува близу 500 милиони евра. Таквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека во изминатите години, владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ немајќи за леб, ги трошеле парите за чоколадо. Сега дојде ред, актуелната Влада предводена од СДСМ да го плати чоколадото, да ги надмине овие предизвици за Македонија да може да тргне кон спроведувањето на политиките што овозможуваат стабилизација на економијата и носат придобивки за граѓаните.“ посочи Ременски.

 

 

 

 

Последни вести