Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ
Само еден месец по парламентарните избори, јасно е дека ДПМНЕ го излажа народот.
Ветуваа ефикасна и намалена јавна администрација, а шверцерски, по итна постапка, без анализа и буџетски импликации, среде ноќ, донесоа закон за зголемување на бројот на министерствата.
Митева и 77-те послушници на Мицкоски имаа можност да зборуваат, ама молчеа, немаа што да кажат.
Можеа да кажат дали се пудлици седнати во скутот на ДУИ?
Што и да зборува сега Митева, колку небулози да шири, не може да го пренебрегне фактот дека е лажливка, дека заедно со колегите лажговци од ДПМНЕ, го излажа народот – едно зборуваа пред избори, а друго прават сега.
Според Мицкоски ништо во политиката не е случајно, па така кампањата на ДПМНЕ против ДУИ се претвори во политички пазар.
Ветуваа подобри договори и јака меѓународна политика, а веќе отворија кавги со соседите.
Ветуваа ќе ја намалат задолженоста, а уште неседнати во фотелјите најавуваат земање кредит од милијарда евра.
Сметките за нивните лаги допрва ќе дојдат за наплата, кај граѓаните и државата.
ДПМНЕ гордо ги предаде граѓаните, ја изневери довербата на народот.