fbpx

Времето кога се злоупотребуваше културата и трудот на музичарите заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Времето кога се газеше и злоупотребуваше трудот на музичарите и композиторите, времето кога културата беше девалвирана и служеше само како маска за криминалот во врвот на власта заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Јавноста е веќе информирана, Министерството за култура го поништи Конкурсот за откуп на класични композиции за 2017 поради административни пропусти во неговото спроведување. Овој конкурс ќе се повтори, а на него ќе имаат право да учествуваат и апликантите од поништениот конкурс.

Министерството за култура поведе соодветни дисциплински постапки за службите задолжени за спроведување на конкурсот, со цел да се утврди одговорноста за направените пропусти.

Тоа е суштинска разлика помеѓу вистината и лагите што ги пласира ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо повторување на лаги и ширење лажни вести, актерката Јелена Жуѓиќ од ВМРО-ДПМНЕ треба да им одговори на граѓаните за долговите и хаосот што го остави нејзиното „директорување„ со Театарот Комедија.

Времето на гумени куршуми, партиска култура и културата на насилство заврши. Тоа време се заменува со транспарентно, одговорно и домаќинско работење, со еднаков пристап до културата за сите граѓани на Македонија.

 

Скопје, 02.04.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA

 

 

Последни вести