fbpx

Лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ не можат да ги сменат фактите дека платите растат, а економијата се придвижува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО ДПМНЕ не може со лажни вести да ја промени реалноста која што покажува раст на платите и севкупно придвижување на економијата.

Не е точно дека е сменета методологијата за пресметка на просечната плата, тоа е лага на ВМРО-ДПМНЕ. Растот на просечната плата во месец јануари оваа година за 5.6 проценти е реален, како и податоците на Државниот завод за статистика.

Токму тоа што Државниот завод за статистика податоците и прибира од Управата за јавни приходи е потврда на веродостојноста на растот.

Ова е најголем раст на платите од 2010 година до денес, а за првпат во историјата просечната нето плата изнесува над 24.000 денари.

Растот на минималната плата ја отвори спиралата на раст на платите, а по порастот на платите во идустријата за производство на облека, кожарската и текстилната индустрија влијаеше и на растот на просечната нето плата.

Платите растат и ќе продолжат да растат.

Овие лекции по економија ВМРО ДПМНЕ треба да ги следи внимателно и да учи.

 

Скопје, 01.04.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA

Последни вести