Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски треба да им се извини на граѓаните за штетите што неговата партија ги нанесе со 11 годишното криминално и расипничко владеење.
ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги партизираше и злоупотребуваше институциите, криминално и расипнички ги трошеше парите на граѓаните, ја изолира државата и го подели општеството.
Мицкоски треба да се извини за таквото владеење на неговата партија, да ја објасни неговата улога во насилствата од 27 април и да престане да се крие зад народот. Народот, граѓаните, ги поразија политиките на поделби, деструкција и блокади и одбраа политики што создаваат едно општество за сите граѓани.
Во интерес на граѓаните и државата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба ги надминат погубните политики на поделби и блокади и да дадат поддршка на реформскиот процес којшто ја движи Македонија напред.
Скопје, 01.04.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA