fbpx

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат кредибилитет да зборуваат за економија,дебатата ќе ги даде најдобрите решенија за правичното оданочување

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски и неговата партија немаат кредибилитет да зборуваат за економија поради грабежот што ВМРО-ДПМНЕ им го направи на граѓаните и пустошот што го остави по 11 годишното владеење.

Погрешните политики на ВМРО ДМПМНЕ создадоа нееднаквост во општеството, неправда и социјална евазија.

ВМРО-ДПМНЕ ја урниса економијата, 11 години ги трошеше парите на граѓаните тајно и расипнички за остварување на криминалните интереси и лично богатење на неколку поединци, додека граѓаните и државата тонеа во долгови и сиромаштија.

За разлика од таквиот однос кон парите на граѓаните, Владата предводена од СДСМ преку успешните економски политики и Планот за економски раст, обезбедува повисоки плати, нови работни места, зголемена помош за стопанството и повеќе пари во семејните буџети. Тоа е потврдено и преку економските параметри.

СДСМ верува во правично и рамноправно општество за сите граѓани и оттука ја црпи потребата за реформа со која ќе се обезбеди праведно оданочување.

Нервозната ВМРО ДПМНЕ нека не шири лажни вести, дебатата за воведување праведно оданочување е отворена и од неа ќе произлезат клучните и најдобри решенија.

 

Скопје, 31.03.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести