fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ги понижуваше земјоделците, Владата предводена од СДСМ го цени трудот на земјоделците и обезбедува достоинтвени приходи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ со години ги понижуваше, малтретираше и партиски ги делеше земјоделците, а државните мерки за помош ги злоупотребуваше за притисок и корупција.

Новата Влада предводена од СДСМ интензивно ги поправа штетите предизвикани од ВМРО-ДПМНЕ и го врати достоинсвото на земјоделците.
За неполн месец од мандатот оваа Влада успеа да ги реши сите пречки за исплата на субвенциите. Навремено се исплатени субвенциите во земјоделството, дури и заостанатите субвенции што не ги исплаќаа владите на ВМРО-ДПМНЕ, за сите земјоделски гранки.

За ефектите од мерките на СДСМ за подобрување на состојбите на земјоделието, враќање на достоинството на земјоделците и вреднување на нивниот труд говори и фактот што оваа година, обезбедена е една од највисоките цени за откуп на тутунот.
За разлика од годините во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога просечната цена на килограм тутун изнесуваше помалку од 190 денари, таа за реколтата 2017 година изнесува 217.6 денари, што е една од највисoките цени досега.

Со мерката за поврат на песоналниот данок за земјоделците,65.000 земјоделци на почетокот на секоја година на својата сметка ќе добиваат износ еднаков на задржаниот данок односно кај земјоделците ќе остануваат околу седум милиони евра повеќе.
Зголемена е поддршката за младите земјоделци на 4 милиони евра годишно што е повеќе од двојно од 1.5 милиони колку што беше порано. Дополнително, се воведоа нови критериуми со што се обезбеди заштита од било какви манипулации и парите сега доаѓаат кај вистинските земјоделци.

Зголемена е субвенцијата за предадено овчо млеко на 4 денари за литар а за 2018 година зголемени се субвенциите за грло овци за сточарите кои имаат развоен потенцијал за 10 отсто. Како и дополнителни 30 проценти повисока субвенција за зголемен пријавен број на грла од основното стадо.

Јасно е. Со реализација на мерките од Планот за живот во Македонија се прават сериозни чекори до нашата крајна цел: достоинствени земјоделци кои спокојно живеат од својот труд.

 

Скопје, 30.03.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести