fbpx

Наместо да ја развива инфраструктурата, ВМРО-ДПМНЕ остави пустош, Владата предводена од СДСМ започна инвестиции од 270 милиони евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години да изгради модерна и квалитетна патна инфраструктура, но наместо тоа партијата реши криминално и расипнички да потроши стотици милиони евра на барок, лускуз, споменици, врби и тендери за сопствено богатење.

ВМРО-ДПМНЕ не само што не ја разви инфраструктурата, туку остави пустош, а поради нивната неспособност и пропустите на започнатите проекти, државата и буџетот беа оштетени за стотици милиони евра, пари на граѓаните.

Очигледна е разликата помеѓу таквото расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното работење на Владата предводена од СДСМ. Започнатиот сериозен инвестициски циклус за подобрување на целокупната патна инфраструктура во вредност од 270 милиони евра за изградба и реконструкција на 60 патни правци обезбедува развој на патната инфраструктура низ целата држава со што ќе се обезбеди побрз, побезбеден и поефикасен транспорт.

 

Скопје, 30.03.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести