fbpx

Мицкоски призна дека учествувал во насилството од 27 април и дека нема капацитет да ги надмине деструктивните политики на Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски денеска признаа дека тој учествувал во насилството во Собранието на 27 април и со тоа опозициската партија призна дека таа стои зад насилствата што се случија на крвавиот четврток.

Со тоа Мицкоски потврдува дека е дел од политиките на неговиот претходник Никола Груевски.

Очигледно е дека Христијан Мицкоски ја има истата деструктивна матрица на неговиот претходник Груевски, не успева да ги надмине политиките на конфликт и поделби и вистински да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ во одговорен и констуктивен политички субјект.

 

Скопје, 28.03.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести