fbpx

Монтираните судски процеси беа карактеристика за криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, тоа заврши, Македонија станува правна држава

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Не постои поголем криминал од оној што ВМРО-ДПМНЕ 11 години им го правеше на граѓаните и државата, кога партијата и лица од нејзиното раководство се богатеа на сметка на осирмашените граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за владеење на правото, затоа што токму таа партија 11 години нарачуваше монтирани судски случаи кои служеа единствено за пресметка со неистомислениците.

Со таквиот начин на владеење, ВМРО-ДПМНЕ целосно го урниса владеењето на правото, а Македонија долго време беше категоризирана како заробена држава.

Времето на нарачани судски процеси, на криминално и коруптивно однесување на власта, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Никој не може да застане на патот на вистината и правдата. Низ овторени и транспарентни судски процедури ќе се докаже вистината за монтираните судски процеси на ВМРО-ДПМНЕ и секој кој е вмешан во тоа ќе понесе одговорност.

 

Скопје, 27.03.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести