fbpx

Филипче: Политиките во СДСМ никогаш повеќе нема да се градат од мал круг на луѓе

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Како претседател на СДСМ ќе ја водам партијата со целокупниот мој личен интегритет, јас ќе ги носам одлуките, а тоа е поради тоа што одговорноста за целокупната работа на СДСМ и за сите членови е само моја.

Ова го истакна претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во интервју за вечерашната Топ Тема што се емитува на Телма телевизија.

Филипче потенцираше дека неговиот избор е легитимен и легален, што е потврдено и од Централната изборна комисија. Најави многу работа и враќање на партијата на победничките патеки.

„Нашите членови многу брзо ќе се уверат дека мојата програма е целосно автентична и е базирана на тоа како јас ја перципирам промената којашто треба да се случи во партијата. Таа програма е градена на постулати коишто дојдоа од забелешките и предлозите на сите членови коишто покажаа различен степен на разочараност, коишто ги бојкотираа во еден дел изборите, не ни дадоа поддршка нам како партија иако биле долгогодишни членови. Јас таа програма планирам многу интензивно да ја спроведувам во следниот период “, рече Филипче.

Во тој процес, како што објаснува Филипче, ќе бидат вклучени што поголем број на членови коишто ќе сакаат да учествуваат во градењето на политиките и коишто досега со право забележувале дека политиките се граделе во еден мал круг на луѓе што кај овој дел од членството создавало отпор. Тоа ќе се промени, потенцира Филипче и додава дека нема да дозволи партијата да се води од нечии лични интереси.

„Јас ќе им ја дадам таа платформа на сите да бидат вклучени. Навистина ќе имаме многу работа во следниот период, за луѓето да сфатат дека работите се променети, дека секој еден член може да учествува во креирањето на политиките и дека тоа ќе биде почетокот на обединувањето, враќањето на луѓето коишто нè напуштија или останаа дома или гласаа за други политички субјекти за да за кратко време биде видлив“, истакна Филипче.

Како што потенцира Филипче, негова цел ќе биде резултат да биде видлив и веќе на следните избори за 9 месеци ќе освои уште повеќе гласови од сега.

Последни вести