fbpx

За ВМРО-ДПМНЕ е комедија тоа што 90.000 граѓани добиваат повисока плата, политиките на Владата предводена од СДСМ даваат резултати

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и нејзиниот економски тим и затоа очајнички лажно обвинува.

Просечната плата расте, растат и платите во кожарската, текстилната и чевларската индустрија и тоа е потврдено од официјални институции. Очигледно дека за ВМРО-ДПМНЕ е смешно што просечната нето плата во јануари 2018 изнесува 24.075 денари и е за 5,6 отсто повисока од истиот месец во 2017 година. За ВМРО-ДПМНЕ е комедија и тоа што 90.000 граѓани денес добиваат повисока минимална плата која изнесува 12.000 денари и смешно им е тоа што трајно се решава проблемот на околу 5000 стечајни работници.

Тоа се сериозни економски мерки што се во интерес на работниците. Тоа не е комедија.

Ниту едно празно обвинување на ВМРО-ДПМНЕ не може да ги засени економските успеси на Владата предводена од СДСМ која што продолжува посветено и одговорно да спроведува мерки во интерес на граѓаните и да поттикнува јавна и транспарентна дебата за секоја значајна реформа. Таквиот пристап на одговорно и транспарентно работење, останува непозната категорија за ВМРО-ДПМНЕ.

 

Скопје, 28.03.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

 

 

Последни вести