fbpx

Различните и сосема спротивни изјави на Николов потврдуваат дека вистината се крие од јавноста

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Различните и сосема спротивни изјави на Иван Николов, кој денеска сведочеше во Кривичниот суд во врска со судскиот случај осмислен од режимската власт за прогон на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, потврдуваат дека вистината се крие од јавноста.

Денешните изјави на Николов, кој во МВР се среќавал со тогашниот министер Митко Чавков, не се совпаѓаат со она што го изјавил за време на истрагата за овој случај и целосно се конфузни во однос на средбите со обвинителот, еднаш вели едно, друг пат друго.

Јасно е дека нецелосно објавената снимка намерно создаваше погрешен впечаток и оттука, објавувањето на целата снимка ќе ја покаже вистината пред граѓаните.
Никој не може да застане на патот на вистината и правдата.

 

Скопје, 26.03.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести