fbpx

ВМРО-ДПМНЕ лицемерно се однесува кон законот којшто веќе еднаш го прифати, никој не е над Уставот, Иванов има должност да потпише

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ треба да смогне сили и да ги надмине политиките на лицемерие и лажен патриотизам, затоа што целата јавност знае дека опозициската партија во надеж дека ќе формира влада, веќе го прифати Законот за употреба на јазиците.

Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот и Амандманот 5 донесени во 2001 година и ја унапредува употребата на сите јазици на немнозинските заедници што во согласност со концептот на едно општество.

Ѓорге Иванов е должен да постапува според Уставот и членот 75 од Уставот и е должен да го потпише Указот за Законот за употреба на јазиците.

Ниту Иванов, ниту ВМРО-ДПМНЕ не се над Уставот и нема да успеат да внесат нови поделби во општеството. Македонија избра да оди напред како едно општество за сите граѓани.

 

Скопје, 22.03.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести