fbpx

Oтчетност за трошоците, Владата предводена од СДСМ транспарентно и одговорно управува со парите на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со објавувањето на Алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции, Владата предводена од СДСМ ја потврдува заложбата за одговорно, домаќинско и транспарентно управување со парите на граѓаните.

За прв пат во политичката историја на Република Македонија, Владата предводена од СДСМ самоиницијативно и на најотоворен, најтранспарентен начин ги става на увид и под лупа на јавностатрошоците на функционерите.

Преку Алатката, целокупната јавност може да ја забележи разликата помеѓу одговорното и транспарентно управување со финасиите од страна на Владата предводена од СДСМ и расипничкото трошење на парите на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Според јавно објавените резултати, јасно се гледа дека актуелната Влада предводена од СДСМ, во првите шест месеци од своето работење потрошила 21.890.462 денари, односно двојно помалку отколку Владата на Никола Груевски која за првите шест месеци од формирањето, потрошила 44.909.835 денари.

Никола Груевски како премиер потрошил 5.183.102 денари или за скоро двојно повеќе од тоа што потрошил премиерот Зоран Заев во првите 6 месеци, односно 2.918.531 денар.

Ваква, па и поизразена разлика се забележува и кај службените трошоци на останатите носители на јавни функции.

Освен зголемување на транспарентоста, Алатката има за цел да ги држи трошоците на јавните функционери на најниско ниво, да алармира доколку се јават отстапки во трошењата на јавните средства, како и трошењата да се сведат само на продуктивни трошоци што се неопходни за непречено спроведување на работните активности на функционерите и институциите.

Ова е само една од пакетот мерки на една одговорна власт која работи транспарентно и отчетно и во интерес на граѓаните.

Скопје, 22.03.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

Последни вести