fbpx

Македонија е слободна земја, ВМРО-ДПМНЕ не може веќе да ги уценува граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Блокадите на Собранието значат уцени за демократијата. ВМРО-ДПМНЕ се обиде повторно со конфликт и насилство да предизвика поделби, но мнозинството граѓани ги отфрла ваквите деструктивни дејства на опозицијата.

Никој не е над Уставот, а Ѓорге Иванов е должен да извршува задачи кои му се доделени со Уставот.

ВМРО-ДПМНЕ тешко функционира во слобода и демократија, тоа е несвојствено за нив, но крајно време е да се надминат себеси и во интерес на граѓаните на Република да ги напуштат политиките на омраза.

 

Скопје, 18.03.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести