fbpx

Лефков како папагал повторува лаги, стравот од Филипче во ВМРО-ДПМНЕ е голем

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност, писмена реакција на прес конференцијата на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ

Очаен е Лефков кој секојдневно добил задача да лаже и измислува за претседателот Венко Филипче. Човекот како папагал во глува соба секојдневно држи прес конференции и ги повотрува истите лаги кои со години ги пласира ДПМНЕ за претседателот Филипче.

Ништо ново не кажува, ниту нешто од наведените напади кои се повторуваат се вистина. Овие бескрајно повторувани приказни имаат една единствена цел, лагата да ја направат вистина.

Имаме само една порака до Лефков и ВМРО-ДПМНЕ, не глумете опозиција. Повелете докажете, приложете докази, поведете постапки. Во спротивно затворете ја устата и почнете нешто да работите, почетокот на мандатот ви е епски дебакл.

Многу брзо граѓаните ќе видат со кој си имаат работа. Веќе тоа за неполн месец го гледаат а разочарувањето кај оние кои гласаа за ВМРО-ДПМНЕ е огромно.

Затоа стравот е голем, затоа се обидувате да го оцрните Филипче. Оној кој не може да докаже обивнување за криминал е самиот криминалец и лажго. Оној кој е на власт а не може да поведе постапка е неспособен. ВМРО-ДПМНЕ е неспособно, лаже и живее во страв заради катастрофалниот почеток на својот мандат. Граѓаните да не подлегнуваат на лагите.

Последни вести