fbpx

ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да разбере што значи неселективно владеење на правото

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да разбере што значи нулта толеранција за корупција и криминал и што значи неселктивно владеење на правото.

Заврши времето кога МВР беше МВРО-ВМРО, кога поединци се ставаа над законот и беа недопирливи само поради тоа што беа блиски на ВМРО ДПМНЕ.

Денес МВР постапува согласно надлежностите, законите важат за сите подеднакво, а институциите работат независно, професионално, во интерес на граѓаните, ослободени од партиски притисоци.

Секој кој го прекршил законот одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, партиска или каква било припадност.

Тоа е суштинска разлика која носи придобивки за Република Македонија и сите нејзини граѓани.

 

Скопје, 11.03.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести