Соопштение за јавност
Социјадемократкиот сојуз на Македонија осудува секаков вид на говор на омраза, навреда или понижувања врз кој било граѓанин на Република Македонија.
СДСМ ги осудува нападите врз новинарската фела и нападите кон претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани. Новинарите имаат значајна улога во градењето и унапредувањето на демократските процеси и оттаму, нападот врз новинарите е напад врз слободата на говор и демократските вредности.
Јавните личности мора да бидат внимателни во своето однесување и јавни настапи, и да имаат предвид дека од тоа како се однесуваат јавните личности зависи и мислењето за граѓаните за нив, по тоа ги проценуваат и вреднуваат.
Скопје, 11.03.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА