fbpx

Невработеноста се намалува, економските политки на Владата предводена од СДСМ даваат резултат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Невработеноста се намалува, а бројот на вработени лица расте.

Според последните официјални податоци, стапката на вработени лица во последното тромесечје од 2017 година е зголемена и изнесува 44.3 отсто, што е повеќе во однос на истиот период од 2016 година кога стапката на вработеност изнесувала 43.5 отсто.

Дополнително, во последниот квартал од 2017 стапката на невработност е намалена и изнесувала 21.9 отсто. Тоа е намалување во однос на последните три месеци на 2016 година, кога изнесувала 23,1 отсто.

Ова е уште еден официјален показател којшто докажува дека економските политики на Владата предводена од СДСМ се успешни и даваат реални и видливи резултати.

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат повисоки плати и нови работни места. Изработен е нов и подобрен Оперативен план за мерки за вработување, којшто заедно со мерките содржани во Планот за економски раст сериозно ќе влијаат врз подобрување на стапката на вработеност, намалување на невработеноста и интензивирање на економскиот раст.

 

Скопје, 11.03.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

Последни вести