Соопштение за јавност
Времето кога одредени поединци не одговараа пред законите, а институциите се обидуваа да ги сокриваат и заташкуваат нивните незаконски дејствувања, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Македонија станува правна држава во која секој поединец одговара за своите постапки пред независни и професионални институции. Во борбата против криминалнот нема да има никаква толеранција за какви било потврдeни незаконски активности без разлика на тоа кој ги извршил.
Заврши времето кога поединци се ставаа над законот. Денес, законите важат за сите подеднакво, а институциите работат независно, професионално, во интерес на граѓаните, ослободени од партиски и лични притисоци. Секој оној кој го прекршил законот ќе мора да одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, а најмалку партиска припадност.
Скопје, 10.03.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА