Соопштение за јавност
Лицемерно и несериозно е ВМРО-ДПМНЕ којашто11 години ги осиромашуваше и задолжуваше граѓаните и државата и на тој начин стана најбогата партија во Европа, денес да обвинува за расипништво.
Ниту една лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ не го менува фактот дека економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати потврдени и преку економските параметри.
Стапката на невработеност во последниот квартал од 2017 е 21,9 отсто што е помалку во споредба со истиот период од 2016 година кога стапката на невработеност изнесувала 23,1 отсто. Растот на Бруто домашниот производ од 1,2 отсто во последното тромесечје од 2017 година, растот на индустриското производство од 8,4 отсто во јануари 2018, кратењето на непродуктивните трошоци, како и зголемената помош за претпријатијата, се само дел од реалните показатели што ја потврдуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.
Наспроти празните обвинувања од најбогатата партија во Европа, граѓаните ги чувствуваат придобивките од работата на Владата предводена од СДСМ. Преку економските политики и спроведувањето на Планот за економски раст, Владата предводена од СДСМ продолжува да работи на создавање услови за достигнување на предвидениот економски раст од 3,2 отсто за 2018 година, како и негово интензивирање во следните години.
Скопје, 10.03.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА