Соопштение за јавност
Ниту една лажна вест или манипулација не може да го смени фактот дека ВМРО-ДПМНЕ преку своето криминално владеење ја опустоши економијата и ги задолжи и осиромаши граѓаните. Само последните три месеци од расипничкото и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и нивните погубни политики предизвикаа пад на економијата од 1,3 отсто во првиот квартал од 2017 година.
Ниту една лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ не може да го побие фактот дека економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати коишто се потврдени и преку економските параметри.
Растот на Бруто домашниот производ од 1,2 отсто во последното тромесечје од 2017 година, растот на индустриското производство од 8,4 отсто во јануари 2018, кратењето на непродуктивните трошоци, зголемената помош за претпријатијата, како и потпишаните договори со осум странски компании, инвестиции во вредност од 73.5 милиони евра ја потврдуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.
Залудни се лажните вести и празните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ги чувствуваат придобивките од работата на Владата предводена од СДСМ која што преку одговорното управување со финансиите и спроведувањето на мерките од Планот за економски раст продолжува да работи на овозможување услови за достигнување на предвидениот економски раст од 3,2 отсто за 2018 година, како и негово интензивирање во следните години.
Скопје, 09.03.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА