fbpx

Државата гори, владата на Мицкоски потфрла, лоша е координацијата на терен

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Државата гори. Владата на Мицкоски потфрла и покажува голема неспособност да се справи со пожарите кои беснеат.

Гори на повеќе локации во земјава, огромна површина е веќе изгорена, над 130 километри квадратни. Страшно. Катастрофата е од преголеми размери.

Горат дури и куќи, домови, шума, зеленило, има и човечка жртва.

Состојбата е алармантна и загрижувачка.

Она што СДСМ со денови предупредуваше за жал се случува.
Не терен се забележува крајно лоша координација на надлежните институции. Граѓаните реагираат за ненавремена и спора реакција.

Се повторува истото однесување поради кое изгоре цела планина Серта.

Особено е лоша координацијата на воздухопловите, се касни за нивно вклучување со часови.

Тошковски покажува неспособност да ја координира активноста на Управувачкиот комитет за системот за управување со кризи.

Ваков несоодветен однос на Владата на Мицкоски и нивното лежерно постапување е запрепастувачки неодговорно. Тоа мора да прекине.

Бараме итно да се смени Тошковски и да се назначи нов одговорен за координација на системот за управување со кризи.

Мицкоски да се нацрта на терен, да направи нов кризен штаб и да преземе нешто во врска со соодветно постапување и координација на институциите под негова надлежност.

Последни вести